(ВИДЕО) СДСМ: Претставка до Женева, власта крши работнички права

Од:

„Сакаме да ја споделиме со вас и со вработените во образованието следнава информација, што сметаме дека е важна за состојбата во којашто се наоѓа образованиот систем.

Ова е реакција на преку ноќ донесените измени во законите за основно и средно образование во Собранието на РМ, како стил на работење на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави на денешната прес-конференција Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука и член на ИО на СДСМ.

„Комисијата за образование и наука на СДСМ подготви официјална претставка до Меѓународната организација на трудот, во Женева, во врска со прекршувањето на одредбите на Конвенциите 87 и 98 за слободата на здружување и колективно договарање.

Овие конвенции Република Македонија ги ратификуваше уште во 1991 година.

Претставката до Меѓународната организација на трудот се однесува на измените во Законите за основно и за средно образование со коишто власта предвиде замена на наставниците кои штрајкуваат со други наставници, што е спротивно на Уставот и законите.

СДСМ како левичарска партија и натаму ќе ги поддржува сите барања за унапредување на правата на работниците, условите за работа и статусот на вработените во државниот сектор.

СДСМ остро се спротивставува на какви било обиди за изигрување на правото на штрајк на вработените во образованието, како и политички игри и злоупотреби на ова право“, рече Петар Атанасов.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме