Сообраќајот на магистралниот патен правец Охрид – Кичево на потегот од Пресека до селото Врбјани денеска ќе биде стопиран во времетраење од еден час и тоа во двата патни правци, поради минирање на теренот во рамки на градежните активности за изградба на делната на новиот автопат.
Според информациите од СВР – Охрид, застој на сообраќајот е предвиден во времето од 13:30 до 14:30 часот кога полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ќе го стопираат сообраќајот во правец Охрид – Кичево. Истовремено, сообраќајната полиција од полициската станица во Кичево ќе го сопре сообраќајот на правецот од Кичево кон Охрид.