Судот во Египет денеска го пролонгира изрекувањето на пресуда за поранешниот претседател Хосни Мубарак за 29. ноември за повторното судење за убиство на повеќе од 800 демонстранти за време на протестите во 2011 година.
Судијата махмуд Камал ал-Рашиди изјави дека тој и членовите на Обвинителството не успеале да ги разгледаат сите документи за случајот, собрани на 160.00 страници.
Мубарак (86) со хеликоптер беше доведен во судницата, откако на носила го изнеле од воената болница во Каиро.
Мубарак кој три децении беше на власт, заедно со уште седум шефови на безбедносните служби е обвинет за убивање на стотици демонстранти во текот на 18-дневни протести. Поранешниот египетски претседател веќе е прогласен за виновен и изречена му е доживотна затворска казна, но египетскиот Апелациски суд ја укина пресудата поради технички причини.
Пред судот се собраа десетина демонстранти за да изразат поддршка на Мубарак.
Судот денеска требаше да донесе и пресуда и обвинение за корупција против Мубарак и неговите двајца синови Ала и Гамал. Тие веќе се осудени на четри години затвор во судскиот процес за корупција.