Почна судењето на Хосни Мубарак

Од:

Поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак денеска пристигна во судницата каде ќе му биде изречена пресуда, на повтореното судење, за убиство на демонстрантите за време на протестите во 2011 година.

Мубарак (86) со хеликоптер беше доведен во судницата, откако на носила го изнеле од воената болница во Каиро.

Мубарак кој три децении беше на власт, заедно со уште седум шефови на безбедносните служби е обвинет за убивање на стотици демонстранти во текот на 18-дневни протести.

Поранешниот египетски претседател веќе е прогласен за виновен и изречена му е доживотна затворска казна, но египетскиот Апелациски суд ја укина пресудата поради технички причини.

Пред судот се собраа десетина демонстранти за да изразат поддршка на Мубарак.

Судот денеска треба да донесе и пресуда и обвинение за корупција против Мубарак и неговите двајца синови Ала и Гамал. Тие веќе се осудени на четри години затвор во судскиот процес за корупција.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро