Нема никаков значителен напредок во преговорите меѓу Иран и шесте земји за нуклеарната програма на Техеран, изјави денеска шефот на француската диполоматија Лоран Фабиус во Обединетите нации.
Тој наведе дека за денеска била предвидена средба меѓу претставниците на Иран и на шесторката (петте постојани земји-членки на СБ плус Германија), но поради недостиг на напредок, средбата била откажана.
Фабиус не прецизира на какво ниво била планирана средбата.