Интензивирање на проектната соработка со Кина

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија Вен Женшун со кој разговараше за билатералната соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на проектите што се реализираат со грантова поддршка на Народна Република Кина.

Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, од страна на вицепремиерот Бесими беше изразено задоволство од степенот на комуникација и соработка помеѓу институциите на двете земји, задолжени за подготовка и реализација на проектите. Притоа, истакната е потребата од продолжување и засилување на контактите и разговорите и во наредниот период, во функција на успешно надминување на заемните предизвици и остварување на уште подобри резултати во иднина.

Еден од проектите од посебно значење е и изградбата на ОУ „Рајко Жинзифов“ во општина Кисела Вода, чија нова училишна зграда од 1 септември е отворена за основците од локалната заедница. Проектот, како што е истакнато од двете страни, е прв по комплексност и обем на работа реализиран во рамки на проектната соработка и ќе послужи како основа за понатамошно унапредување на процесите на проектна подготовка и реализација.

Од страна на Бесими, како Национален координатор за странска помош во Владата, беше подвлечен интересот на Република Македонија за продолжување со подготовка и брз почеток на реализација на веќе утврдените приоритетни проекти.

Меѓу другите проекти, беа споменати проектите за изградба на основни училишта во општините Тетово и Гази Баба, проектите за изградба на нови детски градинки во општините Кисела Вода и Чаир, како и проектот за изградба на нов објект на Универзитетот Конфучиј во Скопје. Во рамки на веќе потпишаните договори со НР Кина, за реализација на овие проекти, како и за проектот Мрежно поврзување на државните институции обезбедени се над 8 милиони евра грантови средства.

Во реализацијата на овие проекти, согласно утврдените принципи на Владата на Република Македонија, се очекува целосно вклучување на домашни компании и работна рака, како и обезбедување на значаен дел од потребните материјали на домашниот пазар.

Со ваквата соработка и тековните и идните проекти, НР Кина недвосмислено го зајакнува својот профил на сериозен и посветен партнер во областа на образованието, како една од клучните за севкупниот развој на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата