Француските научници открија дека стаорците што се хранеле со ГМО пченка од американската корпорација Монсанто заболеле од тумори и други компликации,вклучувајќи оштетувања на бубрезите и црниот дроб.
Поради најновите откритија француската влада побара од државната агенција за здравје и сигурност да ги прегледа резултатите од истражувањето кое исто така е проследено и во ЕУ агенцијата за заштита на храната,пренесува Ројтерс.
“Врз основа на заклучокот,владата ќе побара од ЕУ авторитетите да ги превземат сите неопходни мерки за заштита на здравјето на луѓето и животните,мерки кои би можеле да вклучуваат и итно суспендирање на увозот на НК603 пченка во Европската Унија”,пишува во изјавата на француското министерство за здравство и околина.
Научниците на универзитетот во Каен откриле дека стаорците кои конзумирале НК603 пченка – која е создадена да биде отпорна на Монсантовиот производ за уништување на плевелот – умирале порано од другите кои не конзумирале НК 603 пченка. Резултатите се објавени во списанието за храна и хемиска токсикологија и представени се на конференција за новинари во Лондон. Истражувањето го предводеше професорот за молекуларна биологија, Жил-Ери к Сералини.