Доделена наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“

Од:

Ѓурѓица Илиева и Марија Спирковска добија прва награда за најдобар млад преведувач „Вавилон“ на првиот конкурс кој на крајот на минатата година го објавија Делегацијата на  ЕУ и Здружението на преведувачи МАТА. Тие се наградени за превод од англиски на македонски јазик на дел од делото „Чистачот“ од Тери Прачет.

Прва награда  доби и Ајнур Касо за превод од англиски на турски јазик на дел од книгата „Longbourn“. Доделени се и почесни сертификати за второ и за трето место – на Илија Трајковски за превод од полски на македонски на дел од делото „Морфиум“ од Шчепан Твардох и на Зорица Петкоска и Никола Ѓелинчески за превод од англиски на македонски јазик на дел од делото „Танц со змејови“ од Џорџ Р. Мартин.

По повод Европскиот ден на јазиците, наградите денеска во ЕУ Инфоцентарот во Скопје им ги врачија министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, шефот на Одделот за соработка во ЕУ Инфоцентарот Мартин Клауке и претставникот на Министерството за култура Борче Николовски.

Целта на конкурсот е да ги поддржи младите преведувачи и да поттикне врвен квалитет при преведување литературни дела. Конкурсот беше отворен за преведувачи до 26 години, а пријавите требаше да бидат преводи на литературни дела од кој било од 24-те службени јазици на ЕУ кои се зборуваат во земјата.

Проф. Огнена Никуљски, член на Управниот одбор на МАТА и претседателка на Организацискиот одбор за доделување на наградата, соопшти дека на првиот конкурс пристигнале 35 пријави, од кои четири  биле елиминирани поради неисполнување на конкурсните критериуми.

– Имавме пријави од девет изворни јазици на два целни јазика – македонски и турски. На двојазичната проверка отидоа 29 текста, 12 од нив, според комисијата, ги исполнуваа критериумите за оценка од еднојазичната комисија. По сумирање на резултатите од двете комисии ги добивме победниците, рече Никуљски.

Најдобрите преведувачи за секој од јазиците за кои пристигнале пријави ќе добијат парична награда (500 евра), годишно членство во Здружението на преведувачи МАТА и објавување на преводот во списанието „Културен живот“.

Конкурсот со критериумите за наградата млад преведувач  „Вавилон“ 2015 ќе биде објавен на почетокот на декември.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска