Американскиот министер за одбрана Леон Панета пристигна во кинеската поморска база Кингдао,што претставува прва посета на еден шеф на Пентагон, во склоп на безбедносните разговори помеѓу Соединетите Држави и Кина.
Кинеската воена морнарица најави дека на амариканскскиот министер за одбрана,кој е во официјална посета на Кина од вчера,ке му покаже една од своите најнови фрегати и една дизелска подморница. Во големото пристаниште Кингдао е сместен и генералштабот на севернокинеската флота.
Оваа посета се случува еден ден по конференцијата која Панета ја одржа во воената академија во Пекинг, каде гарантираше дека новата воена стратегија на Вашингтон,во која Азија е приоритет,не е усмерена на зауздување на развојот на Кина, туку проширување на нејзината улога.
Модернизацијата на кинеската воена флота,вклучувајќи и подморници,предизвикува внимание на стратезите во Пентагон и Конгресот,кои се загрижени од напорите на Кина за производство на балистички и крстаречки ракети, кои би можеле да представуваат закана на поморските и воздушните сили на Пацификот.