Во Штип од денеска со консумирањето на џиновската патрамајлија, почна манифестацијата „Штипска пастрамајлијада“, посветена на познатиот гурмански специјалитет, кој е и брендиран од страна на Општина Штип.
На плато во населбата „8-ми Ноември“, кај Градскиот стадион поставени се 40 типизирани штандови на кои угостителите продаваат пастрамајлии по цена од 120 денари. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека градот чека гости од сите страни на земјата, но и од странство, бидејќи како што рече Штип е град на пастрамајлијата, добрата храна, виното, модата, музиката и на младоста.
– Како организатори сме подготвени да примеме повеќе гости и од минатата година. Поставена е бината на која ќе настапат 50 музички групи и пејачи, од кои 95 отсто се од Македонија. Сите овие три дена ќе имаме една соврешена организација, вели Захариев.
Вечер штипјани и гостите на манифестацијата ќе ги забавува Елена Ристевски, во петок Аца Лукас, а во сабота Жељко Јоксимовиќ.
Штипските угостители се подготвени да им излезат во пресрет на гостите со навреме подготвени пастрамајлии. Обезбден е и паркинг простор за над 8.0000 возила за посетителите.