Официјални лица во САД веруваат дека во тек на гранатирање на Сирија е убиен еден од најопасните терористи, Мухсин ал Фадли, лидерот на терористичката организација „Корасан“, за која САД тврдат дека е поопасна и од самата Исламска држава.
-Веруваме дека е убиен- изјавија официјални лица, без да наведат повеќе детали за тоа.
„Корасан“ во Сирија е близок до Ал Нусра, организација од која пред повеќе од една година се издвои Исламска држава.
Како што наведува американскиот Стејт Департмент, Фадли имал силни врски со Ал Каеда и бил еден од блиските соработници на Осама бин Ладен.
Е. Г.