Во Романија започна судење на поранешен управник на озлогласен затвор

Од:

Во Романија денеска почна судење за злосторства против човештвото на поранешниот управник на озлогласен затвор во време на владеење на Комунистичката партија, Александру Висинеску.

Тоа е прв случај од падот на владеењето на таа партија пред речиси 25 години, да биде изведен пред суд член на некоја од затворските управи каде во периодот меѓу 1947 и 1989 година биле затворени повеќе од 600.000 дисиденти.

Висинеску (89) се појави денеска пред судот и изјави дека се чувствува невин бидејќи, како што рече, само го работел она што му било наредено.

Тој бил управник на затворот „Рамнику Сарат“, кој Романците го нарекувале „затвор на тишината“, бидејќи на затворениците им било забрането да зборуваат.

Обвинителството го товари дека надгледувал „режим на истребување“, малтретирање затвореници, лишувајќи ги од медицинска нега, храна и греење со цел да бидат уништени. Додека тој бил шеф на затворот животот го загубиле најмалку 14 луѓе, а преживеаните го опишале како „ѕверот“.

Уште 35 луѓе се под истрага заради обвинувања за слични злосторства.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски