„Арт Балет“ со две први места на Светскиот танцов шампионат

Од:

Балетското студио „Арт балет“ освои две први места на Светскиот танцов шампионат кој се одржа во италијанскиот град Остија. Мартина Димовска (13) освои прво место и титула „светски танцов шампион“ во класичен балет во јуниори, а Симона Митовска (18) – прво место и титулата „светски танцов шампион“ во категоријата класичен балет во сениори и доби едногодишна стипендија за дошколување во Рим.

Димовска во категоријата класичен балет јуниори се претставила со варијацијата „Есмералда“ и во категоријата модерен балет играла кореографија од Тамара Ѓурчиновска „Море Сокол Пие“ на музика од Кирил Џајковски. Митовска, која се натпреварувала во категорија класичен балет сениори, се претставила со варијација од балетот „Корсар“ и во категоријата модерен балет играла кореографија на Тамара Ѓурчиновска „Бротел Танго“ на музика од Кирил Џајковски.

– Имавме само месец и половина да се подготвиме за Светскиот танцов шампионат, вложивме многу труд, долги часови работа во сала, специјален режим на исхрана, поставување балетски варијации и кореографии за модерен балет, организација за патување, костими за секоја кореографија одделно и финансиско покривање на целиот овој проект, рече денеска на прес-конференција Тамара Ѓурчиновска, балетски педагог и кореограф и директор на балетското студио „Арт Балет“. Таа додаде дека нивниот успех се должи и на поддршката што ја добиле од Министерството за култура и Општина Карпош.

Шампионатот се одржал на 30 јули 2014. Сите учесници се натпреварувале во танцовите категории: класичен балет, модерен балет, современ балет, џез-балет и хип-хоп. Претставувањето на учесниците го оценувала комисија составена од познати балетски педагози и кореографи. Покрај Македонија, во финалето биле уште шест земји: Италија, Бугарија, Кипар, Перу, Грција и Мексико.

Ѓурчиновска соопшти дека студиото „Арт Балет“ во 2013/2014 година освоило вкупно 56 награди, две стипендии за дошколување и покана за едуцирање на балетски кадар во Италија.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска