Ставрески: Финансиските зони по теркот на Луксембург

Од:

Финансиските зони во Македонија ќе бидат формирани по терк на Луксембург и ќе влијаат на позитивно на економскиот раст, вели вицепремиерот и  министер за финансии Зоран Ставрески.

– Покрај растот на бруто домашниот производ, се очекува ефект за креирање работни места и тоа за лица со соодветно образование во делот на економијата, правото, сметководството и во делот на давање услуги за вработените таму и слично. Во Луксембурк, 25  проценти од БДП се создава од вакви финансиски услуги, а се регистрирани над 3.840 инвестициски фондови и се креирани 44.000 работни места, вели Ставрески.

Тој потенцира дека Луксембург станува скап и оти тоа е шанса на Република Македонија.

Зоната во Македонија ќе се формира со закон предложен од Владата и донесен од Собранието.

– На овој начин ќе овозможиме да се создаде уште еден центар за креирање  работни места и за привлекување странски капитал што ќе ја етаблираат Република Македонија на соодветно место на финансиската мапа во Европа и во светот, вели Ставрески во изјава за Радио Слободна Македонија.

Би можело да ве интересира

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

A1on