Вељаноски на состанок на претседатели на парламенти

Од:

Претседателите на парламентите на 47 земји членки на Советот на Европа, државите набљудувачи и соседи, исто како и претседателите на меѓупарламентарните собранија се состануваат на 20 и 21 септември во Стразбур.

Делегацијата на Собранието на Република Македонија ќе ја предводи претседателот  Трајко Вељаноски.

На дводневниот самит се очекуваат околу 350 највисоки претатсвници на парламентарната демократија во Европа, кои на покана на Парламентарното Собрание на Советот на Европа се повикани да дебатираат за три актуелни теми – „Иднината на Европскиот суд за човекови права: улогата на националните парламенти“, „Дали репрезентативната демократија е во криза? Предизвик за националните парламенти“ и „Арапските револуции: предизвици и перспективи“, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Првата Европска конференција на претседателите на парламентите се одржа во 1975 година. Конференцијата се одржува секои две години алтернативно во Стразбур и во една земја членка на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски