Надлежните служби на средба со сточарите за болеста син јазик

Од:

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Пехчево ќе се сретнат со група сточари со кои ќе се разговара за болеста син јазик.

На средбата, што ќе се одржи во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, ќе присуствуваат заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

Поради појавата на болеста син јазик беа затворени неколку сточни пазари во државата.

Син јазик е вирусна болест што ја има кај животните. Таа не се пренесува на човек, ниту преку млеко или месо, туку исклучиво преку преносител, во случајот мушички.

Последен пат во Македонија болеста беше регистрирана во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Сточниот пазар во Трубарево затворен овој вторник поради појава на болеста син јазик кај животните

Жарко Настоски

Ден на одгледувачи на овци и кози

Ана Ололовска

„Листериоза“ е причина за угинувањето на грлата во Сопот

Ана Ололовска

Костадиновски: Масовна акција за спречување на болеста син јазик

Ана Ололовска

Цветков: Ќе се разгледаат штетите од „синиот јазик“

Ана Ололовска