Во книжарницата „Матица ексклузив“ вечер ќе биде промовирана книгата „Ткаење на текстот“ од Александра Јуруковска. Се работи за нејзина прва книга – збирка критички текстови за македонски книжевни дела објавувани од 2008 до 2013 година.
Книгата е објавена е „Силсонс“ од Скопје, со поддршка на Министерството за култура. Содржи 41 рецензија за исто толку наслови и два поголеми осврта за книжевната сцена во Македонија во календарските 2010 и 2011 година, објавувани во дневниот весник „Дневник“.
Меѓу рецензираните наслови има и голем број дебитатнтски дела на млади македонски автори, за кои многу често текстот на Јуруковска е и единствоно видување и оценка дадено досега. Меѓу насловите има и дела наградени со некои од домашни и меѓународни највисоките награди и признанија „Роман на годината“, наградата за поезија „Браќа Миладиновци“, наградите за поезија и проза на Друштвото на писателите на Македонија, „Балканика“, како и наградата за литература на Европската унија.
Книгата ќе ја промовираат Лилјана Грџо Дамовска, новинар и уредник во „Дневник“ и Мерсиха Исмајлоска, книжевник.
Александра Јуруковска (Скопје, 1981) дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што во 2012 година магистрира со труд од областа на интердисциплинарните односи на книжевноста и медиумите.