Седница на Националниот совет за евроинтеграции

Од:

Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе ја одржи првата седница во овој состав на Парламентот.

На дневен ред на седницата се извештаите за реализираните активности од националната програма за усвојување на правото на ЕУ, ревизија 2014 година за периодот од 1 јануари оваа година до 31 март односно првиот квартал и за периодот од 1 април до 30 јуни оваа година.

Имајќи предвид дека пратениците од опозицијата не учествуваат во работата на Парламентот се очекува седницата на Националниот совет да ја води нејзиниот заменик-претседател, пратеникот Илија Димовски. На седницата исто така се очекува да присуствува и  вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи и Комисијата за култура.

Пратениците треба да го разгледаат Предлог – буџетот на Република Македонија за 2015 година во делот што се однесува на културата, а треба да биде формирана и работна група за подготовка на предлог – програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2015 година.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски