Обама: САД ќе ја продолжат борбата против Исламска држава

Од:

Американскиот претседател Барак Обама вети денеска дека САД ќе ја продолжат борбата против џихадистите од Исламска држава откако првите американски воздушни удари погодија цели на милитантите во Сирија.

Тој исто така вети дека ќе настојува да добие што е можно поширока меѓународна поддршка за таа борба.

– Секој кој има намера да им наштети на САД или на Американците мора да им биде јасно дека нема да толерираме прибежишта за терористи, кои му се закануваат на нашиот народ, наведе Обама во Белата куќа пред заминувањето за Њујорк.

Тој додаде дека силата на коалицијата во која се повеќе од 40 држави покажува дека борбата против екстремистите не е само американска.

– Америка е горда што стои рамо до рамо со сите тие држави во име на нашата заедничка безбедност, истакна Обама.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас