Најмалку 28 луѓе ги загубија животите во полавите и одроните во североисточниот дел од Индија, предизвикани од силните дождови кои веќе два дена врнат во регионот, соопштија денеска индиски официјални претставници.
Четиринаесет луѓе загинале во сојзуната држава Мегалија, а уште 14 настрадале во соседната држава Асам, на северот од Индија.
Невремето, проследено со обилни дождови, поплави 90 села во дистриктот Гоалпара во Асам, кој е најмоногу погоден од поплавите, додека 150.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и да се евакуираат во повисоките реони.
Војниците и федералните службеници се обидуваат да му помогнат на загрозеното население, а во готовност се и воени хеликоптери, изјави шефот на локалната полиција Ананд Тивари.
Метереолозите предвидуваат пообилни дождови во северна Индија и во следните 36 часа.