Србија се наоѓа во енергетска криза и во текот на претстојната зима може да има недостиг на гас, мазут, електрична енергија и јаглен, изјави српската вицепремиерка и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ.
– Се разбира, ние сме во енергетска криза. Поплавите не не оставаат да здивнеме. На Србија влијае и кризата во Украина. За 30 години земјата нема изградено ниту една нова електроцентрала, истакна Михајловиќ.
Таа потенцира дека нема место за паника и вети дека српската Влада ќе направи се што е потребно за да ја снабди земјата со енергенси.
Михајловиќ смета дека Министерството за енергетика треба да и предложи на Владата конкретни планови за снабдување со енергетски ресурси во текот на зимскиот период, како и решенија во случај на ескалирање на украинската криза.