Просечната плата во јули во Словенија изнесувала 1002, 75 евра, споредено со јуни оваа просечна заработка е за 7,11 евра е повисока отколку во јуни, кога просечната словенечка плата изнесувала 995,64 евра.
Во истиот период, во државите потенцијални кандидати за влез во ЕУ, најголема просечна плата имаат Црногорците каде во август изнесувала 473 евра. Висината на просечната заработка во Босна и Херцеговина била 423,87 евра. Во Србија, пак, во јули е пресметана просечна плата од 381,26 евра.
Македонија се наоѓа на последно место со просечна плата од 352,47 евра.
Споредено со земјите кои не биле дел од поранешната Југославија, тука е Албанија со просечна плата за месец јули од 377,84 евра.