Во Битола, Тетово и Гостивар викендот санкционирани 40 возачи под дејство на алкохол

Од:

На подрачјето на СВР Битола и СВР Тетово изминатиот викенд во сообраќајни акциски контроли санкционирани се вкупно 40 возачи кои биле под дејство на алкохол.

Во Тетово вкупно алкотестирани биле 47 возачи. Осум од нив управувале под дејство на алкохол и веднаш се исклучени од сообраќај.   Во акцијата, откриени се и 25 други видови прекршоци за истечена регистрација, неатестирани фолии, управување без дозвола и непочитување наредба на полициски службеник. На прекршителите изготвени им се 21 платен налог и четири покани за наплата на глоба.

Во Гостивар вкупно алкотестирани беа 43 возачи, од кои шест биле под дејство на алкохол. При контролата, утврдени се уште 12 други видови прекршоци, соопшти денеска МВР.

На подрачјето на СВР Битола во акциска контрола вкупно се контролирани 203 возачи, при што се извршени 147 алкотестирања, кај 26 возачи е утврдено присуство на алкохол и се откриени 24 останати прекршоци од ЗБСП.

Одземени се 26 возачки дозволи, вкупно издадени се 41 платен налог, 33 возила се исклучени од сообраќај, издадени се четири покани за наплата на глоба, а седум возачи се предупредени.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он