Чарло Грини, новинарка и водителка во КТВА-ТВ вести од Алјаска, ја прекина емисијата во која известуваше за легализација на марихуана во таа американска држава и соопшти дека е сопственичка на Канабис клуб, за кој се зборуваше во репортажата.
Таа на гледачите им порача дека со сите сили ќе се бори за легализација на марихуана и на драматичен начин во емисија во живо даде отказ на работното место.
На Алјаска на 4-ти ноември ќе се одржи референдум по повод легализација на марихуана.
Е. Г.