Во Њујорк почнува самит посветен на борба против климатските промени

Од:

Во пресрет на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, која почнува утре во Њујорк, во седиштето на Светската организација денеска ќе се одржи самит за прашањата за климата, глобалното затоплување и климатските промени.

На самитот ќе учествуваат 120 шефови на држави или влади, а на него ќе се означи почетокот на процесот, кој ќе трае 15 месеци и кој ги требало да заврши кон крајот на следната година со потпишување на нова меѓународна спогодба за органичување на емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот стаклена градина. Првата таква светска спогодба, Протоколот од Кјото, истече во 2012 година.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ја повика меѓународната заедница да објави денеска храбри чекори во борбата против климатските промени.

Денешниот самит, на кој ќе присустува и американскиот претседател Барак Обама се одржува во период кога неговата администрација не постигна напредок во напорите за ограничување на емисијата на штетни гасови во САД.

Американскиот Конгрес покажува мал интерес за да усвои закон за ограничување на емисијата, а уште помал за да ратификува меѓународен договор за тоа.

Обама на почетокот на вториот мандат најави дека недејствувањето по прашањето за климатските промени претставува предавство за следните генерации. На почетокот на јуни Обама претстави нови норми за драстично намалување на емисијата на јалерод диоксид за сите американски централи. Тие норми предвидуваат намалување за 30 отсто на емисијата до 2030 година во однос на 2005 година.

Белата куќа засега ја одложува тешката дебата во САД во однос на ратификувањето на евентуалната меѓународна спогодба за органичување на емисијата на штетни гасови, која 195-те земји, што ја усвоија Конвенцијата на ОН за климатски промени, се надеваат дека ќе ја склучат кон крајот на 2015 година во Париз.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија