ЕЦБ пушта во употреба нови банкноти од десет евра на кирилица

Од:

Европската централна банка (ЕЦБ) од денеска пушта во употреба нови банкноти од десет евра со подобар систем на заштита и малку изменет дизајн.

По големината и бојата новите банкноти не се разликуваат многу од претходните, но измените се во усовршената заштита од фалсификување и во новата форма на вертикалниот холограмски раб.

Нов елемент во дизајнот е додавањето на зборот евро на кирилица, кон веќе испишаниот збор на латиница и со грчкото писмо. Тоа се должи на членството на Бугарија во ЕУ.

Кратенката ЕЦБ е напишана не на пет, како што беше досега, туку на девет јазици.

Во период од неколку недели во земјите од еврозоната ќе бидат пуштени во употреба околу 4,3 милијарди од новите банкноти од десет евра. Претходните банкноти од десет евра и натаму се валидни, но банките постепено ќе ги заменат со нови.

Би можело да ве интересира

ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

Ана Ололовска

ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас

Ана Ололовска

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он

ЕЦБ: Можно е банките да бидат цел на руски кибер напад

Ана Ололовска

Анкета на Европската централна банка: Експертите ја зголемуваат проценката за инфлацијата во еврозоната во 2022 година

А1он