Ривалските палестински движења Хамас и Фатах почнаа преговори за помирување во Каиро, ден пред преговорите со Израел за зацврстување на примирјето склучено на 26 август во Појасот Газа, соопштија извори од египетските служби за безбедност.
Двете фракции разговараат зад затворени врати во штабот на египетското разузнавање во Каиро, изјавија изворите.
Размената на заемни обвиненија меѓу Фатах и Хамас зачести по крајот на воениот конфликт во Појасот Газа. Во пролетта палестинскиот претседател Махмуд Абас склучи експериментален договор со Хамас, согласно кој тој е на чело на времената експертска Влада на национално единство на Западниот Брег и во Појасот Газа до одржувањето на изборите.