Романка допатува во Македонија со екстази во рака и хашиш во паричникот

Од:

Може да замислите само колку смешно им било на македонските цариници на граничниот премин Ќафасан додека една Романка им објаснувала за дрогата која се обидела да ја внесе во Македонија.

При личен претрес на романска државјанка, која како сопатник во патничко возило со романски регистарски таблички, се пријавила за влез во државата, биле откриени 1 таблета со виолетова боја, околу 1 грам кафеава материја и околу 1 грам кафеава коренеста материја.

Романката изјавила дека таблетата, што била пронајдена во згужвана салвета во нејзината рака, за која мисли дека е екстази и кафеавата материја, што била пронајдена во кутија од цигари, за која мисли дека е афродизијак, ги добила од полски турист со кој се запознала на плажа во Албанија, додека кафената материја пронајдена во нејзиниот паричник е хашиш, што одамна го поседува.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он