Порталот Destination Point постојано прави ранг листи на секакви теми, на ред дојде и женската убавина, а на таа листа Бразилките се избрани како најубави жени на светот.
Авторите веднаш на почетокот нагласиле дека убави луѓе има во сите краеви на светот, но и дека постоjат места кои можат да се пофалат со далеку поголем број на убави девојки.
Првото место го заземале Бразилките кои се карактеристични по „атрактивните тела и спортскиот изглед“, втори се Русинките, на трето место се Венецуелките кои освен со третото место на оваа листа можат да се пофалат и со шестe освоени титули Мис на светот.
Индија го зазела четвртото место, зад Индијките тука се Швеѓанките и Србинките, а после нив доаѓаат Французинките и Аргентинките.
Украинките се на деветтото место, а во чекор ги следат Италијанките. На последно, единаесетто место се нашле девојките од Јужна Кореја кои ги краси „невиниот изглед и убавиот тен“.
Имено, авторите ги опишале Србинките како „совршен спој на словенски и медитерански гени, со идеални пропорции, долги нозе, заоблени колкови и рамен стомак“, а тие истакнуваат дека „99 отсто анонимни дами на улиците на Србија имаат исклучителна фигура на која би можеле да им позавидат многу славни дами“.