Пијани велешани претепале сограѓанин пред очите на невенчаната сопруга

Од:

Вчера во Велес на ул.„Кирил Пејчиновиќ“, во куќата во која живеат С.А. и неговата невенчана сопруга Н.К., од страна на Б.И.(45) и неговиот син И.И.(20) извршено е насилство.

Имено, И.И. го скршил стаклото од влезната врата, влегле во куќата, по што истиот го фатил С.А. и го турнал на подот. И.И. заедно со Б.И. го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по телото.

Од страна на полициски службеници, Б.И. е приведен во ПС-Велес и над истиот е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 3,40 промили, а И.И. е повикан во СВР-Велес, и по извршена консултација со Јавното обвинителство, двајцата се задржани во Полициската станица-Велес.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена сооодветна пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски