Кучиња предизвикаа четири соораќајки на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

Од:

Четири сообраќајни несреќи предизвикани од кучиња-скитници се случиле вчера во периодот помеѓу 9 часот и 19 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Во сообраќајките учествувале четири патнички возила, две со гостиварски, едно со скопски и едно со кичевски таблици. За среќа повредени лица нема, усмртени се три кучиња, додека вкупната материјална штета се проценува на над 30 илјади денари. Извршени се комплетни увиди, а причина за несреќите е неконтролирано движење на животните по коловозот од автопатот, изјави Јосифовски.

Според полициските податоци на автопатот што минува низ тетовското подрачје годинава се случиле вкупно 73 сообраќајни несреќи што ги предизвикале животни, во најголем број кучиња-скитници. Во овие несреќи досега не се посериозно повредени возачи или други сопатници од возилата.

– Поради оштетената заштитна жичена ограда што на повеќе места долж автопатот воопшто и ја нема, им овозможува на животните непречено да влегуваат на автопатот и да ги изложуваат на опасност возачите. Потребно што побрзо да се санира оградата таму каде што веќе постои или да се набави и постави нова таму каде ја нема, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он