Дефиле на велосипеди

Од:

По повод 22 септември, Денот без автомобили денеска по скопските улици ќе се одржи дефиле на велосипеди на рута долга 8,2 километри.

Дефилето ќе почне во 11:30 часот од пред Порта Македонија, а потоа велосипедистите ќе се движат по улицата „Димитрие Чуповски“, булеварите „ВМРО“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“, па преку булеварот „Илинден“ до Школка во Градски парк.

На просторот пред Школка ќе се организира забавна манифестација со уличен сервис за велосипеди, совети за безбедно возење, тетовирање на велосипеди и извлекување на среќни добитници на велосипеди.

Дефилето на велосипеди ќе го предводат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче