Кандидатите за полицајци ќе се обучуваат на скопските крстосници

Од:

Кандидатите за полицајци кои на почетокот на годнава ја започнаа едногодишната обука, во рамки на вториот образовен модул посветен на сообраќајот, од денеска па во во наредните неколку дена ќе имаат практична обука на неколку скопски сообраќајници.

Притоа, според програмата, предвидено е идните полицајци во периодот од 9 до 13 часот да се обучуваат за регулација на сообраќајот на крстосниците кај Скопски саем, кај Стара рампа (Кисела Вода), кај Црвен крст, како и на крстосницата кај Народна банка на РМ.

Кандидатите ќе бидат распределени во седум тимови од по десет полицајци, а покрај физичката регулација во текот на оваа недела ќе се обучуваат и на регионалниот пат Скопје – Катланово за контролата на брзината на движење на возилата и мерење со полициски радар.
Во претходниот период кандидатите го завршија делот од обуката посветен на јавниот ред и мир, а по завршувањето на овој втор образовен модул, кој исто така трае четири месеци, ќе следи последниот посветен на граничните работи. По него ќе биде направена конечната селекција, односно ќе бидат склучени договори за работа со 400 идни припадници на МВР.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он