Египетски воен авион се урна денеска во провинцијата Фајом, на сто километри јужно од Каиро, при што загинаа шестмина војници, а еден е ранет.
Авионот извршувал разузнавачки лет и се урнал неколку минути по полетувањето.
Причините за инцидентот се уште се истражуваат, но според првичните информации станува збор за прекин на работата на моторот.
Бригадниот генерал Мохамед Самид изјави дека авионот бил испратен на тренинг мисија.