Во организација на Општина Прилеп и клубот за екстремни спортови Skyriders, денеска во Мотокрос Арената во Лагово се одржува Источно Европското Првенство во Мотокрос.
Љубителите на овој спорт од многу краишта на земјава но и од регионот од раните утрински часови се упатија во Лагово за да ја следат оваа возбудлива трка која годинава за прв пат има натпреварувачки карактер.
Многуте натпреварувачи од седум земји од регионот беа потврда за атрактивноста на оваа патека, Skayrider клубот и Мото Сојузот на Македонија кои со заеднички сили ги испонија светските професионални стандарди за натпревари од ваков тип.
Од Македонија фаворит е Христијан Илиоски од Битола кој на своја 23 годишна возраст е веќе докажан вон сериски талент со освоени 250 пехари од европски и светски натпреварувања.
Досегашните негови резултати влеваат надеж дека тој и на оваа трка ќе постигне високи резултати.