За Ибрахими од ДПА, премиерот е фашист

Од:

Се вжештува атмосферата во Kомисијата за труд и социјална политика каде на дневен ред е Законот за бранители, предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Орхан Ибрахими од ДПА го нарече премиерот фашист.

“Овој премиер успеал до сега со неговите шовинистички идеи да воспостави во јавноста наместо вредности- невредности , наместо закони да воспоставува анархија, наместо благосостојба да  воспоставува насилство, без перспективност, стагнација на евроатланските интеграции, наместо демократија да воспостави диктатура. Тој се поигрува и тоа лошо со националната карта”,  рече Ибрахими.

ВМРО – ДПМНЕ вината за излагањето на Ибрахими и за атмосферата ја префрли кај претседателот на комисијата, Цветанка Иванова.

И забележаа зошто не го прекинала кога го нарекол премиерот фашист .

Веле Георгиевски рече дека Груевски е премиер на сите, а не само на ВМРО-ДПМНЕ.

Сузана Анова од ВМРО-ДПМНЕ,  праша зошто не е донесен Деловник за работа на комисијата и да се ограничат дискусиите.

Цветанка Иванова одговори дека пред година ипол не ни можела да сонува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи ваков Закон за бранителите за билдање на рејтингот.

Во саботата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не го изгласаа предлогот дискусиите во Комисијата да се ограничат на 10 минути, и рекоа дека талат џафери има деловничко право и на дискусии и на молчење.
ДУИ побара работата на комисијата да не се совпаѓа со пленарните седници што од мнозинството не беше прифатено.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште