САД ќе обезбедат на Египет десет воени хеликоптери „Апачи“, што Вашингтон го вети на Каиро минатата година за поддршка на напорите на Египет за борбата против тероризмот, изјави американскиот министер за одбрана Чак Хејгел на египетскиот колега генерал Седки Собхи.
Хејгел и Собхи разговарале телефонски, соопшти портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
Меѓу другото, двајцата министри разговарале и за регионалната безбедност на Блискиот Исток и Северна Африка.
Хејгел изразил благодарност до Собхи за улогата на Египет за посредување во обезбедување на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.