Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе учествува на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што денеска ќе се одржи во Њујорк.

На средбата која се одржува на почетокот на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации, ќе се нагласи важноста и значењето од развојот и распространувањето на широкопојасниот интернет. Учесниците ќе водат отворени дискусии за некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат индустријата и регулаторните субјекти, како што се инвестициите во инфраструктурата и балансирање на очекувањата на операторите и давателите на услуги.

Состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој ќе го отворат претседателот на комисијата, Карлос Слим и претседателот на Руанда, Пол Кагаме.

Министерот Ивановски во Њујорк ќе оствари контакти и разговори со влијателни луѓе од светот на информациско-телекомуникациските технологии, при што ќе ги сподели искуствата и достигнувањата на Република Македонија во ИКТ областа.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад