Град Скопје: Работиме во Шуто Оризари, ама таму само 10 отсто плаќаат вода

Од:

Реагирајќи на денешната прес-конференција на Мила Царовска, која алармираше за ужасната состојба на две улици во скопската населба Шуто Оризари и посочи дека во населбата има 130 заразени со жолтица, Град Скопје порачува дека постојано се работи и е обезбедена вода.

„Според сите испитувања, направени од релевантни институции, на територијата на Општина Шуто Оризари има доволно количество на вода која е бактериолошки исправна. За жал, водата во оваа општина се троши во енормни количини и притоа истата не се плаќа, за што говори фактот дека процентот за наплата за вода во Општина Шуто Оризари изнесува околу 10 проценти. Дополнително, на целата територија на Општина Шуто Оризари постои фекална канализација, освен на еден мал дел каде се изградени дивоградби“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски