Груевски: Псалтиров ги исполнува критериумите за амбасадор

Од:

Илија Псалтиров не го праќаме за амбасадор во Казахстан затоа што кога бил на 16 или 17 години бил пејач, туку затоа што е доктор на науки по економија, има завршено на најсилните школи во Европа и магистратура и специјалистички студии.

Има одлично работно искуство и во банкарството и во консултантските води и на проекти на ОН и конечно повеќе од една година работи на многу значајни проекти во МНР.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинраскопрашање по пуштањето во употреба на реновираното подрачно основно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ и повеќенаменскоигралиште во Кисела Вода.

– Опозицијата понекогаш кога сака да нападне тоа го прави барајќи еден моментум од биографијата на некој амбасадор во случајот, обидувајќи се да го оцрни иако тоа што го извадиле и не е нешто за оцрнување. Имено, тие кажуваат дека сме пратиле пејач во Казахстан. Човекот којшто оди за амбасадор во Казахстан г. Псалтиров го има тоа што многу од СДСМ го немаат и тоа веројатно е најголемата фрустрација зошто толку напаѓаат, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски