(ВИДЕО) Цариници краделе запленета стока

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство со кривична пријава предаде вкупно шест лица за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и уште две за „Прикривање“.

Како што соопшти МВР, активностите се спроведени вчера, во соработка со Одделението за внатрешни истраги при Секторот за професионална одговорност во Царинската управа.

Пријавените – С.Р.(38, цариник), Д.С.(33, шеф на испостава Царинарница Скопје Ц.И. Блаце), Ј.М. (35, виш цариник Царинарница Скопје Ц.И. Аеродром Скопје) и З.К. (45, самостоен советник за застапување пред судовите-Одделение за царинско управна постапка), во својство на службени лица вработени во Царинска управа, минатата и оваа година ја злоупотребиле својата службена положба во Царинска испостава „Аеродром“ Скопје каде од магацинот во кој се одлагала привремено задржаната стока по основ на откриени прекршоци, одземале мобилни телефони, парфеми, рачни часовници, патики, текстилна стока, техничка стока и златен накит, со што стекнале противправна имотна корист од 1.527.000 денари и ја оштетиле Царинската управа.

Пријавените, пак, В.Р.(39, вработен во Агенција за вработување на град Скопје) и С.М.(46, вработен во мобилара „Мобил шоп“) дел од одземените предмети ги прикривале, иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело.

Одделението за внатрешни истраги при Царинската управа годинава во повеќе наврати изврши внатрешна контрола во магацинот во ЦИ Аеродром „Александар Велики“ Скопје, во кој била сместена привремено одземена стока по основ на сторени царински прекршоци. Притоа, било констатирано дека дел од одземената стока (златен накит, патики, текстилната стока, мобилни телефони, парфеми, часовници) недостасува или е заменета со нејзина копија.

По извршен претрес во домот на С.Р. не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, од Д.С. е одземен еден мобилен апарат со картичка од Т-мобиле, од З.К. се одземени една СИМ картичка од операторот ВИП и една од операторот ОНЕ, а од В.Р., брат на С.Р., се одземени мобилен и парфеми.

Шестмината пријавени во разговор со полицијата појасниле како ги извршиле кривичните дела – Д.С. дека телефонот го купил од првопријавениот С.Р., Ј.М. дека од сефот со одземени телефони земал телефон и го заменил со друг од кинеско потекло по што подоцна го дал на З.К. да го продаде за поголема сума пари, додека З.К. дека телефонот го користел неговиот син. В.Р. признал дека мобилниот телефон и парфемите му ги дал братот, а шестопријавениот појаснил дека С.Р. му донел три телефони да продаде при што едниот му го вратил, а двата ги продал на непознати лица. Во повеќе наврати С.Р. му понудил да купи и други предмети.

Четири лица во разговор со полицијата потврдиле дека купиле телефони преку оглас на Пазар 3 и од продавница за мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ