Манифестација „Чаршијата и пријателите“

Од:

Чаршиски муабети, локум-забави, дегустирање сирења и вино, културни перформанси, бизнис средби, неформални контакти, дружење,… ќе понуди денешната манифестација „Чаршијата и пријателите“ што ја организираат Македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија со поддршка на Општина Чаир.

Идејата на бизнисмените е да ја промовираат иницијативата за правење македонски бренд од Старата скопска чаршија или, како што велат, Чаршијата да стане дел од регионалната алка на светската туристичка понуда.

– Во Чаршијата мора да се вратат старите семејни бизниси кои биле традиција и ја правеле препознатлива преку интензивно промовирање на економските вредности. Чаршијата не смее да остане локален предизвик, место кое само периодично ќе го буди интересот на граѓаните и туристите, е ставот на стопанствениците.

„Можен ли е Кебаб фест како мултимедијален и бизнис проект за чаршиите – мостови на Балканот и Европа?“ и „Како до 2015-та“?, се некои од темите на кои ќе дебатираат поканетите бизнисмени, градоначалници, амбасадри, јавни личности,.. и сите, како што е најавено, ќе зборуваат на мајчин јазик.

Настанот ќе се одвива на повеќе локации низ Чаршијата, а посетителите ќе може да „одат“ по стазите на Кебаб-сокакот, да јадат десетка со кромод во „Пчела“, да дебатираат на отворено,… За културно-уметничкиот дел се задолжени познати имиња од домашната естрада.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство