Го изеде сладоледот на вереникот и освои 50 милиони долари

Од:

Дајана Бергерон од канадскиот град Ориља го изела сладоледот на нејзиниот вереник, поради што побрзала во најблиската продавница да купи нов.

Во текот на купувањето и „падна на ум“ да купи две ливчиња за лотарија, кои потоа испаднаа добитни. Освои 50 милиони долари.

– Инаку купувам лото ливчиња единствено кога е во прашање поголема џекпот сума, но од некоја причина тој ден купив две, рече Бергерон, пренесува „Хафингтон Пост“.

Нејзиниот вереник, Џеф Барет овој пат не се побунил затоа што го изела неговиот сладолед. Мајката на Дајана на радио слушнала дека добивката заминала во градот Ориља, па ја повикала ќерка и да ги провери своите ливчиња.

Дајана потоа видела дека едното ливче се совпаѓа со седумте среќни броеви, но не била сигурна па ги испрати броевите на вереникот. Откако утврдил дека освоиле огромна добивка го напуштил работното место и заминал во продавницата каде е купено ливчето.

Среќната двојка ќе се почести со патување на Хаваи, а потоа и со нов автомобил.

– Се уште не сме свесни, помалку сме збунети, рече Бергерон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ