„Деца на Сонцето“ го затвора 35. ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ за најдобрите кинематографери, како со македонска премиера на долгометражниот филм „Деца на Сонцето“, вечер во Битола ќе биде спуштена завесата на 35.издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Годинава, оценувањето и доделувањето на највисоките фестивалски признанија, наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ ги вршат истакнати режисери, кинематографери, продуценти и филмски работници – Срѓан Драгојевиќ од Србија, Симон Таншек од Словенија, Ребека Толи од Велика Британија, Лазар Секуловски од Македонија и претседателот на жирито, Гиора Бејач од Израел, а во конкуренција се 11 филмови.

Во чест на лауреатите и на покана на организаторот, на големото платно во Центар за култура-Битола, вечер ќе биде одржана македонска премиера на македонскиот долгометражен филм „Деца на Сонцето“ во режија на Атнонио Митриќески.

Тимот на „Деца на Сонцето“ за претпладнево закажа средба со новинарите во прес-центарот на ИФФК „Браќа Манаки“ на која освен Митриќески, ќе се обратат директорот на фотографија Јарек Шода, продуцентот Дејан Милошевски и најголем дел од актерската екипа, кои потоа заминуваат за Лондон, каде на 25 септември, на интернационалниот филмски фестивал „Реинденс“ ќе биде организирана светска премиера, а на 26 септември и втора проекција, исто така во Лондон.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар