Mинистерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска ќе го посети Универзитетот на Југоисточна Европа, по повод започнувањето на академската 2014/2015 година.
За време на посетата министерот Адеми, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе оствари средба со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика.