Во дворот на црквата „Св. Пантелејмон“ денеска почнува петтата по ред Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“.
На колонијата ќе учествуваат ученици – уметници од сите десет основни училишта на територија на општина Карпош и ученици од основните училишта од збратимените општини од Србија, БиХ, Црна Гора и Бугарија.
Ликовното творење ќе започне со поздравниот говор на претседателот на Комисијата за култура во Советот на општина Карпош, Горан Михајлов, а дружењето ќе продолжи и во наредните два дена.