„Ла МаМа кантата“ ќе го отвори 39. МОТ

Од:

Со „Ла МаМа кантата“ на театарот Ла МаМа од Њујорк вечер во Младинскиот културен центар ќе почне 39. меѓународен фестивал Млад отворен театар. Претставата е дел од европска турнеја, ги посети Италија, Хрватска и Србија, а по настапот во Скопје ќе гостува во Турција.

Композитор и режисер е Елизабет Свадос, а диригент е музичкиот режисер Крис Кукул. Перформансот е посветен на Елен Стјуард, која во 1961 го основала театарот Ла МаМа – дом на движењето Оф-оф Бродвеј, во кој играле голем број креативци, а настапувал или соработувал со 70-ина земји во светот.

Дел од екипата на прес-конференција соопшти дека се работи за музички приказ на животот и делото на Елен Стјуард, со користење на зборовите и искуството на таа театарска легенда од Њујорк, која почина пред три години.

Ќе настапи хор од осум изведувачи (тројца машки и пет женски) кои ќе го играат ликот на Елен, секој од нив изнесувајќи различен аспект од нејзниот карактер и личност.

Попладне ќе биде презентирана работата на Ла МаМа театарот кој е во 53-тата сезона од Оф-оф Бродвеј.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар