Традиционално одбележан почетокот на новата академска година на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Од:

На 17-ти Септември свечено беше обележан почетокот на новата академска година на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

На церемонијата која се одржА во Александар Палас, студентите имаа можност да ги запознаат идните професори и да слушнат мотивирачки говори од еминентните гости.

TOT_9006

Мишел Османли, извршен директор на американската стопанска комора во Македонија даде инспиративен говор за новозапишаните студенти за тоа со што ќе се соочат при студирањето и како да ја исполнат својата животна мисија.

Мотивирачки говор преку примери, присутните студенти слушнаа и од обраќањето на г-дин Антони Пешев претседател на собранието на стопанска комора на Македонија.

DSC_1732

Студентот на генерација Теодора Арсова го сподели своето искуство во УАКС и ако истото и помогнало во остварување на животната мисија.

Д-р Марјан Бојаџиев исто така се обрати и им честиташе на новозапишаните студенти што го избрале единствениот меѓународно акредитиран универзитет во земјава со желба за сите новозапишани студенти да се надградуваат со интерес и желба за завршување на високото образование со што поголем успех и со совет да ги абсорбираат во текот на студиите сите информации, знаења и искуства бидејќи ја имаат таа можност да учат од најдобрите.

DSC_1727

Ректорот, Д-р Марјан Бојаџиев заедно со сите студенти присутни ја прочитаа студентската заклетва и така академската почетна година на УАКС беше официјално отворена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро