Ралф Брет за реакциите поврзани со видеото „Кажи не на насилството“

Од:

Амбасадорот Ралф Брет, Шеф на Мисијата во Скопје им благодари на сите кои го искажаа сопственото мислење за видеото „Кажи не на насилството!“ и ја даде следнава изјава за реакциите на видеото.

„Целта на видеото е да прикаже со каков тежок избор се соочуваат младите луѓе. Намерата на ова видео е да испрати силна порака, без намера да се промовира каква било дискриминација или стереотипи.

Ја разбираме загриженоста којашто беше искажана неодамна, а во исто време веруваме дека најважен аспект во видеото е пораката, чија цел е да ги одврати младите од насилство. Поради тоа би сакале гледачите повеќе да се осврнат на проблемот, отколку на ликовите во видеото.

Исто така ги покануваме сите кои го делат мислењето дека ова е благородна цел за иднината на земјата, да соработуваат со нас и заедно да ја споделиме пораката – Да не дозволиме да победи насилството.“

 

 

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи