Во париски регион денеска фрлена бомба со слаба разорна моќ, која предизвика мала материјална штета и повреди едно лице.
Спасувачките екипи одвеле четири лица во болницата во Гонес, едното е со контузии на раката, додека трите други се во шок.
Супермаркетот служи кошер храна. Засега нападот не се поврзува со аферата на карикатурите на Мухамед објавени денеска во неделникот „Шарли Хебдо“.
Нападот се случи кога многу припадници на еврејската заедница доаѓаат во супермаркетот да купат специфични производи пред празникот Кипур, кој се слави идната среда.
Сарлес се нарекува и „Мал Ерусалим“ бидејќи таму живеат околу 6.0000 жители, а поголемиот број од нив се припадници на еврејската заедница од Северна Африка, доселени тука во шеесетите години на дваесетиот век.